Индексите на европските берзи на најниско ниво од 2016 година

Терминскиот индекс на Дау Џонс во моментот бележи загуба од над 800 поени за првпат од финансиската криза во 2008 година.

Пандемијата со коронавирус, падот на цената на нафтата и одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги забрани патувања во Европа во рок од 30 дена ги урнаа цените на акциите на азиските берзи, како и индексите на Волстрит. Индексите на европските берзи бележат најниско ниво од средината на 2016 година.

Остар пад забележаа и американските термински индекси, индексот фјучерс С&П500 утрово падна за 4,7 отсто, откако вчера се намали 4,9 проценти.

Терминскиот индекс на Дау Џонс во моментот бележи загуба од над 800 поени, по вчерашниот пад од 5,8 проценти, што е првпат од финансиската криза во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот