Индекс на среќа за одредување на благосостојбата на граѓаните во Мексико

Мексико/ Фото Архива на СП

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6 проценти оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

За Мексико БДП не е добар показател за благосостојбата на граѓаните па затоа оваа земја реши да воведе индекс на среќа, соопшти претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Индикаторот заеднички ќе го развиваат економисти, математичари, социолози, психолози и други експерти, а ќе се користи за мерење не само на економскиот раст, туку и на нивото на нееднаквост и „среќа на населението”, рече мексиканскиот претседател, избран од редовите на левицата, пренесува германската агенција ДПА.

– На технократите тоа нема да им се допадне,, но за нас би можело да биде добро, и секако нешто ново, објасни Лопез Обрадор на дневната конференција за новинари.

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6 проценти оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

Втората економија во Латинска Америка, со речиси 130 милиони жители, бележи многу високо ниво на нееднаквост, а повеќе од 50 милиони граѓани се класифицирани како сиромашни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот