Инцко: Одлуката на Уставниот суд ќе биде спроведена, а РС нема да може да се отцепи

Одлуката на Уставен суд на Босна и Херцеговина за статусот на земјоделско земјиште како државно ќе биде спроведена, а ентитетот на Република Српска нема да може да се отцепи, изјави високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Валентин Инцко.

– Државен имот секаде постои и сега поради еден дел на таа одлука за земјоделското земјиште се креваат тензии. Можеби сето тоа служи и за други цели, иако е несомнено дека РС е дел од државата БиХ, посочи Инцко додавајќи дека одредени лица во БиХ ги мешаат термините територија и државен имот.

Тој ги отфрли тврдењата на Бања Лука дека одлуките на Уставниот суд на БиХ главно се насочени против РС и потсети дека 99 проценти од одлуките на Судот се донесени едногласно.

Уставниот суд на БиХ пресуди дека земјоделско земјиште што има статус на јавно добро не може да биде во сопственост на ентитетот, туку исклучиво на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот