Инцидентот на Лондонскиот мост поврзан со ТЕРОРИЗАМ: Еден маж задржан во притвор

Полициско возило во Лондон / Фото: Архива

Британската полиција соопшти дека денешниот инцидент на Лондонскиот мост го „поврзува со тероризам” и потврди дека застрелала еден маж.

Скај Њуз, повикувајќи се на неименувани извори, соопшти дека во инцидентот е убиено најмалку едно лице, кое не е напаѓачот.

„Во овој момент, околностите во врска со инцидентот на Лондонскиот мост и натаму не се јасни. Сепак, од претпазливост, во моментов реагираме како да станува збор за инцидент поврзан со тероризам”, соопшти полицијата преку Твитер.

Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека редовно добива информации за инцидентот, па и се заблагодарила на полицијата и итните служби на брзата реакција.

Полицијата претходно соопшти дека се повредени неколку лица. „Телеграф” јави за шестмина повредени, од кои најмалку тројца во животно-загрозувачка состојба.

„Полицијата во притвор задржа еден маж. Веруваме дека неколку лица се повредени”, информираше лонондската полиција.

Според новинар на Би Би Си едно лице со нож нападнало неколкумина на мостот, кои се обиделе да го совладаат. Потоа пристигнала полицијата и испукала неколку куршуми.

Лондонската Итна служба соопшти дека настанот го оквалификувала како „голем инцидент” и оти неколку тимови излегле на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот