Инциденти во ромска населба во Грција со 35 заболени од Ковид-19

Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

Заразените требало да бидат префрлени во карантин во објектот на центар за рехабилитација, по што и се случија инцидентите.

Жителите на ромската населба Неа Смирни во грчкиот град Лариса, предизвикаа инциденти, запалија стари гуми и спречија претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција да ги префрлат позитивните на Ковид-19 во објект во кој ќе бидат во изолација, објавија грчките медиуми.

Во конкретната населба, по втор пат се појави новиот коронавирус, а 35 лица од 637 направени тестови се позитивни на Ковид-19 со што рано утрово со одлука на Секретаријатот за цивилна заштита се воведе полициски час во следните две седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, позитивните лица требаше да бидат префрлени во карантин во објектот на центар за рехабилитација, по што и се случија инцидентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот