Инцидент во Зоолошка во Оснабрик: Лав нападна вработена додека го чистела кафезот

Фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Лав нападна 25-годишна вработена во Зоолошка градина во Германија додека го чистела кафезот, соошти тамошната полиција. Инцидентот се случил нешто пред 12 часот во Оснабрик, град во северозападниот дел на земјата.

Девојката, според полициски извори, минала со лесни повреди, но билa превезена и задржана во болница поради претпазливост.

Детали за инцидентот засега се непознати, пренесува агенцијата „Срна“, а управата на Зоолошката градина во Оснабрик не била достапна за коментар за германските медиуми.

Зооолошката градина во Оснабрик е затворена за посетители во рамки на мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот