Инцидент во тетовско: Момче од Челопек пукал со автоматска пушка по расправија со сосед, при претресот му нашле и дрога

Полицијата во Тетово вчера привела 24 годишно момче од Челопек кое по расправија со 47 годишен сосед испукал неколку куршуми од автоматска пушка. При приведувањето и претресот во неговата куќа е пронајдена и дрога.

– Околу 18 часот во Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М. (24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана. Претходно, М. М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р. (47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух, соопшти СВР Тетово.

При увидот била најдена една чаура со калибар 7,62 мм. По приведувањето и постапката за документирање на случајот М.М. ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка во тетовскиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот