Инцидент во САД: Мал авион паднал врз куќа, двајца загинати

Откако мал авион паднал врз семејна куќа во Северна Каролина, пилотот на авионот и уште едно лице загинале при несреќата.

Авионот се урнал околу полноќ во местото Хоуп Мил, наведе полицијата. Притоа загинал пилотот, како и еден од жителите на куќата каде што удрил авионот. Повреден е уште еден од станарите на куќата, кој е пренесен во болница.

Областа во која се урнал авионот се наоѓа покрај државниот автопат 301, околу осум километри од регионалниот аеродром Фејтвил, во населба со неколку бизнис и станбени згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот