ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Полицијата застрела маж кој се заканувал со нож

Фото: МИА

Еден маж денеска со нож се заканувал на полицајци во Париз, по што бил ликвидиран, јави Франс24.

Припадник на обезбедувањето ја информирал полицијата дека во деловниот кварт Дефанс има маж, вооружен со нож. Кога трочлената полициска патрола излегна на местото на настанот, вооружениот маж потрчал кон нив со ножот, извикувајќи: „Ќе ве убијам!“

Полицајците испукале седум куршуми, од кои два го погодиле во градите и бедрото. Напаѓачот кај себе нема документи за идентификација.

Властите им порачаа на граѓаните да ја избегнуваат таа област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот