Инцидент во камп за бегалци на грчкиот остров Лезбос: Избоден до смрт 19-годишен мигрант

Фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Поради тешките повреди во градите и стомакот, 19-годишното момче починало, двајца од хоспитализираните се со сериозни повреди во стомакот.

Во инцидент во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, во текот на ноќта до смрт било избодено со нож 19-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска, додека пак уште три лица се хоспитализирани, објави информативниот портал од островот „С19тониси”, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, кога Авганистанец откако украл мобилен телефон од еден од Африканците, со нож напднал неколку лица, кои биле пренесени во болница.

Поради тешките повреди во градите и стомакот, 19-годишното момче починало, двајца од хоспитализираните се со сериозни повреди во стомакот, а еден со повреди од удари во пределот на главата.

Порталот објави дека полицијата привела неколку лица, а веројатно меѓу нив е и сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот