ИНЦИДЕНТ ВО ЈАПОНИЈА: Воен авион на САД исфрли симулациски проектил за време на вежба

Воен авион на ВВС на САД, Ф-16 исфрли симулациски проектил додека траеше вежбовен лет над јапонската префектура Аомори.

За инцидентот информираше американската Команда во Јапонија. Пентагон денеска соопшти дека врши истрага за инцидентот. Ракетата паднала во реон на селото Рокас. Тоа е неколку километри од определената зона за летови.

Нема информации за жртви или штети.

Само во 2017 година беа регистрирани 25 инциденти на американските сили стационирани во Јапонија. Во декември 2016 година американски воен авион се урна за време на полнење гориво во воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот