ИНЦИДЕНТ ВО ЦРНА ГОРА: Експлозија во вилата на претседателот Ѓукановиќ

Според првичните и непотврдени информации, експлодирала трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Во вилата „Горица”, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекна експлозија, објави весникот „Вечерње новости”.

Според првичните и непотврдени информации, експлодирала трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Извори на весникот наведуваат дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.

На местото на инцидентот веднаш се ипратени пожарникарски и полициски екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот