Инцидент во болницата „8 Септември“, интервенирала полицијата

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска интервенираа екипи на МВР откако член на семејство на пациент од коронавирус го свртел мобилниот телефон кон лекар за да го снима, пишува сдк.мк.

Лекарот побарал заштита и обезбедувањето на болницата повикало полициска асистенција. Информацијата ни ја потврди МВР, а фоторепортерот на сдк.мк го снимил настанот кога две полициски возила приотигнуваат пред Ургентниот центар на болницата и ги проверуваа телефоните на пријавените лица.

„Службени лица од МВР денеска интервенираа во ГОБ ‘8 Септември’ откако беше пријавено дека лекар на работното место видел како го снимаат со мобилен телефон цивилни лица, роднини на пациент од болницата. При извршените проверки во телефоните, фотографија од лекарот не беше најдена“, изјавиле за порталот од МВР.

Сликање и снимање на медицински лица додека се на работа, внатре во здравствената установа или во нејзиниот двор, не се дозволени и се смета за закана по нивниот живот и здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот