ИНЦИДЕНТ ВО БЕЛГРАД: Мигрант се обидел да украде пиштол од полицаец, откако бил осомничен за кражба (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

На социјалните мрежи кружи снимка од инцидент во Белград, на која се гледа како полицајци се обидуваат да разговараат со мигрант, осомничен за кражба, кога тој во еден момент се обидува да му го одземе пиштолот на еден од полицајците.

Српските медиуми пишуваат дека инвидентот се одиграл во продавница на улицата Крал Милан, од каде работниците пријавиле дека мигрант се обидувал да украде храна, поточно сирење.

Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да дојде до пиштолот.

На крај, сепак полицијата го уапсила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот