ИНЦИДЕНТ ВО БЕЛГРАД: Експлозија и пожар на Технолошко-металуршкиот факултет

Факултет во Србија /Фото: Принтскрин

На Технолошко-металуршкиот факултет во Белград синоќа се случи експлозија и изби пожар, нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Факултетот од утрово нормално работи и нема опасност од испарување, иако претходно некои медиуми објавија дека има висока концентрација на штетни гасови во објектот.

Инцидентот се случил еден час по полноќ, кога експлодирал ладилник со хемикалии во одделот за органска хемија.

– Моторот на ладилникот со хемикалии се прегреал. Поради тоа се слушнала експлозија. Извршен е увид и нема никаква опасност. Факултетот нормално работи, соопштено е од Технолошко-металуршкиот факултет.

Пожарникарите брзо интервенирале и успеале да го локализираат пожарот, а полицијата ги блокираше околните улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот