Инцидент по синоќешниот натпревар меѓу фудбалските клубови Брегалница и Тиквеш

Инцидент се случи синоќа по натреварот меѓу Брегалница и Тиквеш 1930. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека во 21:15 часот, 28-годишниот Д. М., член на навивачката група „Фаланга” од Штип, на улицата „Партизанска” го нарушил јавниот ред и мир.

– Тој се обидел со камења да фрла кон возилата на навивачката група „Лозари” од Кавадарци, но бил спречен и приведен во полициската станица Штип. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – вели Панајотова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот