Инцидент на скопскиот аеродром, пијан Американец нападнал полицајци

Утрово околу 04.15 часот на Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност.

Американски државјанин кој бил во алкохолизирана состојба нападнал еден вработен во обезбедувањето на скопскиот аеродром, како и неколку полицајци.

Како што информираат од МВР, утрово околу 04.15 часот на Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност, а потоа нападнал и полициски службеници.

А.В.Д. бил приведен во Полициска станица за ГП – Меѓународен аеродром Скопје за понатомошна постапка и решавање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот