Инцидент на протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Новинарката на Ал Џезира, Милка Смилевска која заедно со снимател присуствувала на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата на својот Фејсбук профил напиша дека биле нападнати, а причината била медиумот за кој работеле.

ВО ЖИВО: Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

„Дечкото од првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна мене и колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од ‘Ал Џезира’ и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе, полицаецот, не сакаше да се легитимира.

Нема потреба од агресија, борбата треба да е со аргументи и дела. Демократијата значи и различни медиуми, ако некој не ви се допаѓа не го гледајте или читате, не го напаѓајте физички“, напиша новинарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот