ИНЦИДЕНТ: Го исчкртала Избирачкиот список, кога го видела името на поранешниот сопруг

На избирачко место во Гази Баба, членови на Избирачки одбор правеле селфи со шеги дека едната фотографија е за Инстаграм, а другата за Фејсбук, пишува во извештајот на Цивил вчера.

– На ИМ 2398 во ОУ „Крсте Мисирков“, во Општина Гази Баба, членови на ИО правеле селфи со шеги дека една фотографија е за Инстаграм, а другата за Фејсбук, се вели во извештајот на набљудувачите, каде стои дека значителен дел од нерегуларностите се и поради проблеми со избирачкиот список.

Интересен е случајот во Општина Штип, кога граѓанка револтирана од фактот дека нејзиниот поранешен сопруг кој со години не живее во државата, сè уште е на ИС, наместо да се потпише, го пречкртала тој избирач на списокот, по што дошло до расправија со одборот, а интервенирала и полиција.

Исто така на избирачкото место Македонски железници во Штип, членовите на ИО не можеле да отклучат бидејќи клучот не им бил испратен од Општината. Од Општината тврделе дека го испратиле клучот во коверт, а од ИО дека ковертот бил празен. Според еден член на ИО и еден припадник на МВР, клучот е пронајден кај поранешен претседател на тамошната Месна заедница. Гласањето сепак, започнало на време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот