1 C
Скопје

Инаугурацијата на Бајден помина мирно и покрај предупредувањата од ФБИ

Церемонијата на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден помина мирно во Вашингтон и главните градови на сојузните држави и покрај предупредувањата дека поддржувачи на досегашниот претседател Доналд Трамп планираат вооружени протести.

На улиците околу Конгресот на САД, каде се одржуваше инаугурацијата, имаше голем број на припадници на безбедносни сили, но немаше собрани граѓани бидејќи властите ги блокираа околните празни улици со оклопни возила и бетонски бариери, наведува Асошиејтед прес.

Денеска било мирно и пред државните институции во главните градови на американските држави.

Неколку демонстранти се собрале пред седиштето на владите на сојузните држави Њу Хемпшир и Мичиген.

Во главниот град на Небраска имало три демонстранти, од кои еден имал знаме на кое пишувало „Бајден не е претседател“, јавува АП.

Прочитајте и...  Индонезија одобри приватна паралелна шема за вакцинација против коронавирусот

Откако американското ФБИ предупреди дека поддржувачите на Трамп на денот на инаугурацијата на Бајден планираат вооружени протести во Вашингтон и главните градови на сите 50 сојузни држави, бројот на припадници на Националната гарда која и помага на полицијата во главниот град на САД, е зголемена на 26.000

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Безбедносните власти не се грижеле само за потенцијални закани од надвор, туку и за можен „напад од внатре“.

Властите ги надгледувале припадниците на екстремно десничарските групи, загрижени заради можност дека тие би можеле да предизвикаат конфликти во Вашингтон.

За време на церемонијата на инаугурацијата имало неколку апсења на различни локации во градот, но никаква сериозни инциденти, наведува АП.

Во часовите после инаугурацијата, федерални агенти набљудувале онлајн канали за комуникација на десничарски групи на кои имало дискусија за начини да се уфрлат на церемонијата, рекол неименуван функционер.

Прочитајте и...  132 санкционирани возачи во Скопје, од кои 36 за брзо возење

Вчера 12 припадници на Националната гарда биле отстранети од обезбедување на настанот после безбедносни проверки од ФБИ. Меѓу нив се две лица кои изнеле екстремистички коментари во објави или текстови за инаугурацијата.

Двајца функционери рекле за Асошиејтед прес дека за некои од тие 12 припадници на Националната гарда е пронајдена врска со екстремно десничарски милитантски групи, а дека други изразувале екстремистички ставови на интернет.

Церемонијата на инаугурацијата е одржана со најголеми мерки на безбедност до сега, зајакнати заради упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот во САД на 6 јануари.

Извор: Бета.рс

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар