ИН МЕМОРИАМ: Слободан Вујчиќ – Брацо

Фото: ekipa.mk

Како преставник на познатата маркетиншка компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации.

Беше долгогодишен спонзор на ФК Вардар во чие време се одиграа и незборавните средби со ЦСКА од Москва и Спарта од Прага и Рома.. Во време кога ги спонзорираше ФК Работнички и ФК Тетекс овие екипи играа значајна улога во македонскиот клупски фудбал.

Беше драгоцена неговата финансиска помош во ФК Македонија ЃП, во ФК Слога Југомагнат, ФК Победа, ФК Борец од Велес, ФК Еуромилк, ФК Локомотива и многу други.

Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги
застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.

Беше голем хуманитарец, носител е на наградата „Мајка Тереза“, Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот