Ин Мемориам: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Тони Шопов

Принтскрин/јутјуб

Поранешниот репрезентативец на Македонија тони Шопов, денеска ја загуби најважната животна битка.

Тони Шопов остави силен белег во македонскиот ракомет и како играч, репрезентативец, а потоа и како спортски работник од Велес.

Во последните пет години Шоповја водеше најтешката битка во својот живот, со ракот на дебелото црево.

Во 2020 година беше покрената и хуманитарна акција за да се соберат 20.000 евра за лекување на Шопов, тогаш екс поранешниот ракометар привремено ја доби битката, но за жал денеска ја загуби битката со тешката болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот