Ин мемориам: Почина новинарот Владимир Богоев

Владимир Богоев
Владимир Богоев

Вчера почина новинарот Владимир Богоев, роден 1961 година, еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“.

Основно и средно училиште заврши во Скопје, а дипломираше на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Новинарската кариера ја започна во „Вечер“во 1988 година, каде што работеше до основањето на „Дневник“ во 1996 година. Во „Дневник“ работеше прво како уредник, а потоа и како помошен главен уредник. По формирањето на Медиа принт Македонија, како заедничка компанија на „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ беше составен дел од менаџерскиот тим.

Веста за смртта на неговиот татко ја соопшти неговиот син Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ и поранешен градоначаник на Општина Карпош.

„Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за сè!  Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал…  А дотогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…“, напиша Стефан Богоев на Фејсбук.

Погребот ќе се одржи утре, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот