Имунизација во Дебар: Попладнево се вакцинирани 11 здравствени работници, в петок уште 29

Фото: mia.mk

Прва доза на анти-ковид вакцина попладнево ја примија 11 здравствени работници од Општата болница во Дебар кои се и најангажирани во лекување на пациенти во ковид-центарот.

– Ова е првата група што прими прва доза. Во втората група, во петок, ќе бидат опфатени 29 здравствени работници, неколку од ковид-центарот, а другите се вработени во Итната помош, во лабораторијата и во рентген службата кои непосредно се вклучени во третирање на ковид пациенти, изјави директорот на болницата, Баки Алили.

Меѓу оние кои ја примија првата доза се и докторите Аида Бегу и Ардит Алили.

– Се чувствуваме добро и засега немаме поствакцинални знаци. Непосредно сме вклучени во лекување на ковид пациентите и ова е најдоброто средство за наша заштита. Посакуваме што поголем процент од нашите колеги, но и граѓаните да бидат опфатени со оваа имунизација и што побрзо да извојуваме победа над овој невидлив непријател, велат докторите.

Како што потврдува Алили, состојбата во Инфективното одделение се смирува. Повеќе денови наназад хоспитализирани се четворица пациенти, сите добиваат кислородна поддршка и се наоѓаат во стабилна состојба, додека, пак, амбулантски се лекуваат пет пациенти. Последните три дена нема новозарзени, а активни на болеста се 43 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот