Актуелно

23:15 ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

22:52 Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

22:38 Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

22:28 Растурена свадба во хотел во Тетово

22:28 Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

  • Macedonian
  • Albanian
  • Serbian
  • Turkish
  • Bulgarian
  • Greek
  • English
FacebookTwitterInstagramYoutube

Слободен печат

  • Насловна
  • Вести
    • Македонија
    • Скопје
    • Регион
    • Свет
    • Економија
    • Култура
    • Хроника
  • Магазин
    • Семејство
    • Жена
    • Забава
    • Филм и музика
    • Автомагазин
    • Технологија
    • Сцена
    • Храна
    • Ретро
    • Хороскоп
    • Еспресо
  • Колумни
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Останатo
  • Здравје
  • СП Неделник
  • Слободна.тв
  • Ваши финансии
Слободен печат

Имуни на вакцини

од Ана Анастасовска28/01/2021 - 08:4628/01/2021 - 09:240
Сподели1

Јавноста побудале од премногу најави и празни ветувања, а речиси престана да се надева дека вакцината ќе дојде наскоро. Бидејќи нема здравствена кампања за едукација, постојано се шират теории на заговор, во кои народот верува многу повеќе отколку во вирусот и во вакцината заедно.

Македонците сѐ уште чекаат во земјава да пристигне некоја од најавените 2.641.000 дози вакцини, кои ќе бидат доволни за да се вакцинираат 1.320.500 граѓани. Се прашувате од каде толку вакцини? Толку најави министерот за здравство Венко Филипче, доколку внимателно сте ги слушале неговите изјави. Прво информираше дека 833 илјади вакцини ќе добиеме од КОВАКС-механизмот, потоа дека ќе добиеме уште околу 800 илјади од Полска и од Грција, 800 илјади од „Фајзер“ (директен договор), 8 илјади од Србија и сега најново, уште 200 илјади од Кина. Од декември минатата година само слушаме разни најави за набавка на вакцините, за разни договори и количини, но вакцините никако да стигнат во Македонија. Да го оставиме настрана проблемот што го имаат сите држави во Европа, неисполнетиот договор за достава на вакцини од компанијата „Фајзер“. Но, што чекаа властите досега? Зарем немаа план Б? Зарем „Фајзер“ е единствената компанија која произведе вакцина против ковид-19? Да не зборуваме за тоа што не бевме подготвени за регистрација на вакцините што Србија ги издвои за нас.

Прочитајте и...  Слаба заинтересираност за бесплатната правна помош

Но, не се само бројките во прашање. Имаме и разноразни најави за типот на вакцините што ќе дојдат. Прво беше „Фајзер“, па ќе ја добиевме „Спутник V“ преку КОВАКС-системот (ова во изјава за „Слободен печат“ го потврди и владиниот портпарол), па нема да имаме руска вакцина, ќе имаме само американска, па преговараме со „Астра-Зенека“, па не сакаме кинеска вакцина, ама сега сакаме итн.

Јавноста побудале од најави и празни зборови, а во меѓувреме и престана да се надева дека вакцината ќе дојде во блиско време. Луѓето на улица коментираат: „Каква вакцина, тешко дека ќе ја дочекаме, попрво сите ќе го прележиме вирусов“. Луѓето станаа имуни на вакцините.

А, за тоа говори и податокот од последната анкета на Галуп. Дури 49 отсто од граѓаните се изјасниле дека не би се вакцинирал против ковид-19 дури и доколку вакцината стане јавно достапна и се смета за безбедна и ефикасна. Се запрашала ли Владата зошто постои толкав сомнеж во вакцините? Што се случува? Зошто властите чекаат, слично како и со набавката, и не почнуваат со кампања за вакцинација. Сведоци сме дека на социјалните мрежи секојдневно нѐ бомбардираат со секакви теории на заговор поврзани и со вирусот и со вакцините. А верувајте, Македонците во голем процент и веруваат во нив (повеќе отколку во вирусот и во вакцината заедно). Зошто сѐ уште не почна јавната едукација за безбедноста и за целиот процес на имунизација?

Прочитајте и...  Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Владата го усвои планот за имунизација, но колку навистина е подготвена нашата држава за тоа, ќе видиме секако кога ќе ни пристигнат вакцините. Дотогаш само да се надеваме дека нема да нѐ зафати некој трет бран и нема повторно да ни се наполнат болниците.

ана анастасовскаВакциниковаксслободен ударфајзер
Сподели1

Видео на денот

Најчитани

  • (ВИДЕО) Вучиќ прикажа вознемирувачки фотографии од убиствата на Беливук
  • Охриѓанка обвинува за негрижа во охридската ковид болница: Сестра ми ја враќаа со 39 температура, баравме врски за прием
  • Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на Веља Невоља: Само претстава за народ, сиот криминал потекнува од овој режим
  • Јама на смртта: Зошто скопјанка се заглави во лифт со екипа на итната помош и почина?!
  • ВИДЕО | Андоновиќ: Нови докази за свирепите ликвидации на кланот на Беливук-снимките не се емитуваа во јавноста
  • По обвиненијата од српската водителка се огласи Калиопи: Не знам што ѝ е на госпоѓата, никој не ме навредил како Весна
  • Мали промени: Заштедете при купување и готвење на храната
  • Арсовски: Широката коалиција е обид на Заев за ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите
  • Филипче: Мицкоски е во стабилна состојба
previous post
Ликот на активистка против ропството ќе го замени поранешниот претседател Ендрју Џексон на банкнотата од 20 долари
next post
Гутереш: Многу е важно односите меѓу светските сили да функционираат добро

Поврзани вести

Вучиќ им се извини на винарите од Истра што виното им го нарече: Ѓубре и одвратно

Марина Дамческа07/03/2021 - 21:5807/03/2021 - 22:46

Експресно испразнет хотел во Тетово, имало свадба

Мирослава Бурнс07/03/2021 - 21:3007/03/2021 - 22:46

Кина станува најголема поморска сила: Изгради огромна флота, а веќе има и прва цел

Слободен печат07/03/2021 - 21:22

Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на Веља Невоља: Само претстава за народ, сиот криминал потекнува од овој режим

Марина Дамческа07/03/2021 - 19:5107/03/2021 - 20:11

Јама на смртта: Зошто скопјанка се заглави во лифт со екипа на итната помош и почина?!

Мирослава Бурнс07/03/2021 - 18:5907/03/2021 - 19:00

Јавниот долг во функција на економскиот раст

Фатмир Бесими07/03/2021 - 13:18

Остави Коментар Cancel Reply

Save my name, email, and website in this browser for the next time I comment.

НАЈНОВО

ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

Слободен печат07/03/2021 - 23:15
07/03/2021 - 23:150

Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

Слободен печат07/03/2021 - 22:52
07/03/2021 - 22:520

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат07/03/2021 - 22:38
07/03/2021 - 22:380

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат07/03/2021 - 22:2807/03/2021 - 22:30
07/03/2021 - 22:2807/03/2021 - 22:300

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

Слободен печат07/03/2021 - 22:2807/03/2021 - 23:21
07/03/2021 - 22:2807/03/2021 - 23:210

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат07/03/2021 - 22:2207/03/2021 - 22:24
07/03/2021 - 22:2207/03/2021 - 22:240

Белграѓанки унаказени во козметички салон: Изгледаме како жртви на пожар

Слободен Печат07/03/2021 - 22:14
07/03/2021 - 22:140

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат07/03/2021 - 22:11
07/03/2021 - 22:110

Милинковиќ-Савиќ на лето од Лацио се сели во Јувентус?

Слободен печат07/03/2021 - 22:07
07/03/2021 - 22:070

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска07/03/2021 - 22:0407/03/2021 - 22:14
07/03/2021 - 22:0407/03/2021 - 22:140

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ

Вучиќ им се извини на винарите од Истра што виното им го...

Марина Дамческа07/03/2021 - 21:5807/03/2021 - 22:46
07/03/2021 - 21:5807/03/2021 - 22:460

Експресно испразнет хотел во Тетово, имало свадба

Мирослава Бурнс07/03/2021 - 21:3007/03/2021 - 22:46
07/03/2021 - 21:3007/03/2021 - 22:460

Кина станува најголема поморска сила: Изгради огромна флота, а веќе има и...

Слободен печат07/03/2021 - 21:22
07/03/2021 - 21:220

Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на...

Марина Дамческа07/03/2021 - 19:5107/03/2021 - 20:11
07/03/2021 - 19:5107/03/2021 - 20:110

Јама на смртта: Зошто скопјанка се заглави во лифт со екипа на...

Мирослава Бурнс07/03/2021 - 18:5907/03/2021 - 19:00
07/03/2021 - 18:5907/03/2021 - 19:000

Јавниот долг во функција на економскиот раст

Фатмир Бесими07/03/2021 - 13:18
07/03/2021 - 13:180

Интервју | Јелена Милиќ, Центар за евроатлантски студии од Белград: Рамката за...

Јелена Милиќ/Ослобоѓење07/03/2021 - 12:5607/03/2021 - 00:09
07/03/2021 - 12:5607/03/2021 - 00:090

Србија – Црна Гора: Случајот на Светозар Маровиќ -Криминал во братска прегратка

Петар Комнениќ/Недељник07/03/2021 - 11:4507/03/2021 - 00:02
07/03/2021 - 11:4507/03/2021 - 00:020

Цвеќето е идеален подарок за 8 Март, но внимавајте што подарувате! Гербер...

Слободен печат07/03/2021 - 11:0007/03/2021 - 12:32
07/03/2021 - 11:0007/03/2021 - 12:320

Германскиот шмек на македонската политика

Џабир Дерала07/03/2021 - 10:58
07/03/2021 - 10:580
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за преземање содржини
  • Испратете ни ја вашата приказна

Регистрирај се и читај го печатеното издание онлајн

Кликнете на копчето подолу и одберете го идеалниот пакет за вас

@2019 - All Right Reserved.
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за преземање содржини
  • Испратете ни ја вашата приказна
Слободен печат
FacebookTwitterInstagramYoutube
  • Насловна
  • Вести
    • Македонија
    • Скопје
    • Регион
    • Свет
    • Економија
    • Култура
    • Хроника
  • Магазин
    • Семејство
    • Жена
    • Забава
    • Филм и музика
    • Автомагазин
    • Технологија
    • Сцена
    • Храна
    • Ретро
    • Хороскоп
    • Еспресо
  • Колумни
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Останатo
  • Здравје
  • СП Неделник
  • Слободна.тв
  • Ваши финансии