„Импулс“ на Скопје танцовиот театар во МКЦ

„Dancing table“ на Скопје танцовиот театар / Фотографија: Драган Перковски

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 28 ноември, во 20 часот, ќе се одржи претставата „Импулс“ на Скопје танцовиот театар и Катедрата за танц при УГД.

Претставата е составена од два дела, а во првиот дел ќе биде изведена кореографијата со наслов „Ние сме сѐ што имаме“ на Ана Папаниколау од Грција на музика на Василис Манцукис.

За кореографијата авторката, која е студент на магистерски студии за кореографија при УГД, вели: „Кога имаме потреба мораме да се поддржуваме еден со друг, да се грижиме за оние кои бараат помош. Не само со зборови, туку и со нежност и со дела. На крајот на краиштата, како луѓе во овие тешки услови – како општество, ние сме сѐ што имаме“.

Настапуваат студентите на Катедрата за современ танц при УГД: Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска.

Вториот дел е проектот под наслов „Dancing table“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн на Матеа Мијановиќ.

Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при УГД: Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела Ангела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ.

„Интерарт културниот центар“ со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, го започна проектот во кој преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост и семејното насилство.

Продукцијата на проектот на Скопје танцовиот театар е со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот