Импресивна дигитална сторија: Скопје и Тирана стануваат еколошки градови

Подобрување на функционирањето на градовите сé повеќе се гледа како најдобриот начин за постигнување на амбициите од Парискиот договор за климатски промени од 2015 година: одржување на растот на температурите предизвикани од емисијата на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина под 2°C, и онаму каде што е изводливи и под 1,5°C.

Скопје, главниот град на Северна Македонија и Тирана, главниот град на Албанија, се двата града кои активно бараат нови начини да станат позелени, преку подобрување на квалитетот на воздухот и водата, почисто централно затоплување, поефикасни општински и приватни згради, пошумување или поттикнување на помало користење на приватните автомобили.

Скопје и Тирана се во групата од над 20 градови кои побараа помош од ЕБОР Програмата Зелени градови, која има  €1 милијарда за поддршка на урбаната одржливот.

Нашата импресивна дигитална сторија ја покрива Програмата ЕБОР Зелените градови, но ги претставува и двата иновативни општински лидери кои ги прават соништата реалност за граѓаните кои што ги претставуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот