Имплементирање на договорот од Преспа, тема на Самитот во Солун

фото: МИА

Премиерот Заев пред средбата со неговиот грчки колега Мицотакис очекува на состанокот да се наметнат претежно економски теми, но оти нема да биде заобиколена ниту европската агенда.

-Ќе разговараме и за престојниот НАТО Самит, но она што е многу важно е дека ќе разговараме и за имплементирање и на договорот од Преспа заради тоа што преку неговото имплементирање ќе растат и релациите меѓу двете земји“, рече Заев.

Како што е најавено, премиерот Заев на економскиот симпозиум во Солун се очекува да отпатува попладнево.

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се сретне со шефовите на Владите на Грција и Бугарија – Киријакос Мицотакис и Бојко Борисов на Самитот во Солун, кој се одржува под покровителство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот