Импичментот не го загрижува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не е загрижен од истрагата за импичмент, како и од тоа дека претстојат јавни сослушувања на сведоци во Конгресот, пренесоа светските агенции.

Претседателот пред новинарите во  Белата куќа ги отфрли досега протечените сознанија од официјални лица, кажани на затворени седници, и ги искритикува демократите од Претставничкиот дом за тоа дека од следната недела овие сослушувања ќе станат и јавни.
-Не треба да се организираат јавни сослушувања, тоа се бројки- рече Трамп.

 

Претседателот ги обвини демократите дека бараат луѓе кои ќе покажат кон него, и изјави дека дури не ни ги познава повеќето од сослушаните сведоци.

-Од ништо не сум загрижен. Нема никаков проблем со сведочењата. За поголем дел од луѓето кои сведочеа дури не сум ни слушнал- изјави Трамп пред репортерите во Белата куќа.

Истражителите од Претставничкиот дом сè уште сакаат да ги слушнат сведочењата и на некои сведоци зад затворени врати, вклучувајќи го и шефот на канцеларијата на Трамп, Мик Малвејни, кој вчера беше повикан, но денеска не се појави на сослушување.

Белата куќа соопшти дека нема да соработува во истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот