Импичментот не го загрижува Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не е загрижен од истрагата за импичмент, како и од тоа дека претстојат јавни сослушувања на сведоци во Конгресот, пренесоа светските агенции.
Претседателот ги обвини демократите дека бараат луѓе кои ќе покажат кон него, и изјави дека дури не ни ги познава повеќето од сослушаните сведоци.
-Од ништо не сум загрижен. Нема никаков проблем со сведочењата. За поголем дел од луѓето кои сведочеа дури не сум ни слушнал- изјави Трамп пред репортерите во Белата куќа.
Истражителите од Претставничкиот дом сè уште сакаат да ги слушнат сведочењата и на некои сведоци зад затворени врати, вклучувајќи го и шефот на канцеларијата на Трамп, Мик Малвејни, кој вчера беше повикан, но денеска не се појави на сослушување.
Белата куќа соопшти дека нема да соработува во истрагата.