Импичментот може да му наштети и на Трамп и на кандидатот на демократите за претседателските избори

Во американскиот Сенат трае судскиот процес за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп со претставување на аргумените на обвинителите и бранителите. Демократите продолжуваат да ги изнесуваат аргумените и денеска, а настапот на адвокатите на Трамп ќе започе утре и најверојатно ќе продолжи следната недела. За и околу најновите случувања околу импичментот во „Утрински брифинг“ телефонско јавување имаше на дописникот од МИА, Босир Камчев.

Демократите од Претставничкиот дом синоќа во Сенатот настапија со серија обвинувања адресирани до американскиот претседател Доналд Трамп за „повеќекратна и груба” злоупотреба на претседателската власт.

„Квид про кво” (услуга за услуга) и „корупција”, „предавство” и злоупотреба на власта во најчиста форма”, „лаги и измами” во негова „лична политичка корист” за „реизбор” со „преиначување на резултатот од изборите во 2020 година”, беа некои од квалификациите што демократските обвинители ги кажаа вчера за Трамп, во нивните повеќечасовни настапи на судот за импичмент, пренесено во живо на националните телевизии.

Според нив, овие акции уставно можат да се окарактеризираат како „посебно тешки злосторства и прекршоци”, за кои тој треба да биде разрешен од функција.

-Конгресменот Џеролд Надлер, еден од менеџерите (обвинителите) на импичментот, во својот настап пред сенаторите изјави дека обидите на Трамп да го натера Киев да започне истрага за Бајденови „ги олицетворуваат најстрашните грижи на татковците основоположници (на САД). Додаде дека сите 44 претходни претседатели „би биле шокирани длабоко во својата душа”, со акциите на 45. претседател на САД- коментира Андоновиќ.

Демократите продолжуваат да ги изнесуваат своите аргументи и денеска. Настапот на адвокатите на Трамп ќе започне во утре, сабота, и најверојатно продолжува идната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот