Имотот на СФРЈ во Атина ќе го делиме со Србија

Генералниот секратар во српското МНР и претставник во Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Северна Македонија.

– Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се направи, изјави Одаловиќ за Танјуг, објаснувајќи ги одлуките од неодамна завршениот состанок на Мешовититот комитет во Белград, пред десетина дена, кој, како што кажа, „се состана по седум години, носејќи повеќе конкретни одлуки.“

– На Србија и припаднаа објектите во Франкфурт, Женева и резиденциите во Хараре, Зимбабве, а завршена е поделбата на објектите во Анкара, меѓу Србија и БиХ, и во Атина со Северна Македонија, истакна Одаловиќ.

Тој оцени дека останува да се донесат уште некои одлуки како што е физичката поделба на четири големи комплекси кои не можат да бидат предмент на распределба, како што се Бразил, Адис Абеба, Њу Делхи и Москва.

Прочитајте и...  Чулев: На земјата и се потребни избори, но во оној момент кога граѓаните без страв ќе излезат да гласаат

Што се однесува до Москва, до крајот на годината претставниците на земјите-наследнички во руската престолнина, на лице место ќе разменат идеи за можните модалитети на поделбата на објектот. Одаловиќ вели дека Србија е заинтересирана, доколку земјиштето не се продава, објектот да и остане во сопственост, бидејќи има стратешки интерес за земјата, и тој ќе се компензира со другите сукцесори.

За Бразил е постигнат договор за физичка поделба, а на Србија и е припаднат централниот резиденцијален дел со вкупна површина од еден хектар.

– Експертските тимови треба да направат предлог за физичка поделба на објектот во Њу Делхи и се очекува дека на Србија ќе и припадне околу 1.000 квадратни метри канцелариски простор и околу еден хектар земјиште, кажа Одаловиќ.

Меѓу предметите што ќе бидат предмет на распределба се и објектите во Адис Абеба, Кипар, Букурешт, Софија, во Копенхаген и Варшава се води постапка за разјаснување на ситуацијата, се појави имот во Драч и во Тирана, стан во Лондон, изјави Одаловиќ, додавајќи дека сукцесорите барале да се реши статусот на десетина станови на воените претставништва.

Прочитајте и...  Битиќи: За финансиска поддршка аплицирале 34.000 компании, 90 проценти од барањата се веќе одобрени

Тој наведе дека во Африка, Азија, Латинска Америка и некои други земји постојат објекти кои чекаат на одлуките за сукцесија, а Србија плаќа одржување на околу 15 до 20 дипломатски објекти во повеќе земји.

Одаловиќ кажа дека со одлуката од 2006 година предвидена е заедничка продажба на пет објекти кои не можат да бидат предмет на договор и поделба, и тоа е резиденцијален стан и мисијата во Њујорк, амбасадата во Токио и амбасадите во Бон и Берн, а досега се продадени три – во Њујорк, Токио и Бон.

– Има уште два други објекта за кои има постапка, тоа е мисијата во Њујорк, каде што има одредени понуди, но ние се уште не се согласивме целосно за ова, и остана Берн, како уште еден објект за кој некои земји се заинтересирани, рече Одаловиќ.

Прочитајте и...  Градот Тетово има најмногу случаи на новозаболени од регионот

Запрашан за судбината на сликите и уметничките дела од дипломатските претставништва на Југославија, Одаловиќ истакна дека постои посебна комисија која се занимава со ова прашање во рамки на мешовитата комисија.

– Кому ќе му припадне објектот, таму оди и сликата. Таму каде што има заеднички објекти или се продаваат, сликите се пренесуваат и се предмет на посебна поделба. Првиот критериум е земјата на авторот, бидејќи тие се главно слики од автори од нашите земји, рече Одаловиќ, кој додаде дека Интерпол води истрага за околу 50 уметнички дела кои не биле пронајдени.

Како што најави, нов состанок на Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ќе се одржи кон крајот на февруари идната година во Сараево.

Прочитај повеќе

Полицијата во Хамбург употреби водени топови против демонстрантите, еден полицаец е повреден (ВИДЕО)

Алек Стојковски

Илјадници Израелци протестираа против планот за анексија на Нетанјаху

Слободен печат

Болсонаро по стапките на Трамп: Претседателот се закани дека Бразил ќе ја напушти СЗО

Слободен печат

Одржана втората комеморација во Редфорд, родниот крај на Џорџ Флојд

Слободен печат

Неофашистите предизвикаа нереди во Рим, фрлаа шишиња и петарди по новинарски екипи (ВИДЕО)

Слободен печат

Антонов: Потполна глупост е дека Москва им помага на провокаторите на протестите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на Даунинг стрит: Полицаец падна од коњот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска

Слободен печат

Истражување: Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Слободен печат

Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

Слободен печат

Пазарните инспектори поднеле девет пријави за непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти

Слободен печат

Ново жариште на коронавирусот во Иран: Бројот на заразени зголемен заради една свадба

Слободен печат