Имери: Бојкотот на наставата е на штета на матурантите

22 септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

За разлика од првите денови од второто полугодие на учебната 2020/2021 година, кога наставата не ја бојкотираше ниту еден ученик во завршните паралелки во дебарската гимназија „28 Ноември”, денеска тоа го сторија 39 отсто од нив.

– Наставата почна нормално и ја следеа сите 107 матуранти. Денеска наставата ја бојкотираа 42 матуранти. Сметам дека врз нив негативно влијание имаат и дел од медиумите кои пласираат дезинформации кои ги доведуваат ученците во заблуда, изјави за МИА, директорот на гимназијата Рамадан Имери.

Тој додаде дека за таа цел во текот на утрешниот ден планирана е средба со родителите на учениците на кои ќе им биде објаснето зошто бојкотот е на штета на самите матуранти.

– Треба да знаат дека оние кои ја бојкотираат наставата, по 10 јуни ќе треба да ги надополнат изгубените часови. Тоа значи дека не ќе може да го запазат рокот за упис на некоја високо образовна институција,рече Имери.

Директорите на гимназиите во Центар Жупа и во Ростуше, Сабри Асан и Исмет Абдули, за МИА потврдија дека во овие две образовни нстуции, нема бојкот и оти матурантите нормално ја следат наставата. Во гимназјата „АТА” во Цетар Жупа има 23 матуранти, додека во гимназијата „Маврово и Ростуше” во Ростуше 30 матуранти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот