Именувани замениците-министри во техничката Влада

Имињата на предложените заменици и дополнителни заменици – министри пред гласањето ги соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Собранието попладнево, во рамки на 129. седница, со 97 гласови „за” и ниту еден против, ги изгласа замениците и дополнителните заменици-министри во техничката Влада.

Славјанка Петровска за внатрешни работи, Санела Шкријејљ за труд и социјална политика, Цветан Трипуновски за земјоделство, Гордана Димитриеска Кочоска за финансии и Невенка Стаменковска Стојановски за информатичко општство, се дополнителните заменици-министри.

Во ресорите остануваат досегашните заменици-министри кои на собраниската седница беа исто така именувани: Беким Максути за одбрана, Агим Нухиу за внатрешни работи, Оливер Ристовски за правда, Неџад Мехмедовиќ за политички систем и односи меѓу заедниците, Андреј Жерновски за надворешни работи,  Ширет Елези за финансии, Благе Цветковиќ за МЗШВ, Арменд Арслани за здравство, Елизабета Наумовска за образование и наука, Ѓонул Бајрактар за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Садик Беќири за транспорт и врски и Јани Макрадули за животна средина и просторно планирање.

Имињата на предложените заменици и дополнителни заменици – министри пред гласањето ги соопшти премиерот Оливер Спасовски.

По именувањето, замениците и дополнителните заменици – министри дадоа свечена изјава.

Нивниот мандат, како и на претходно именуваните министри во техничката влада, ќе трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени парламентарни избори избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот