ИМАТЕ ВАШ ТИП: Зошто излегувате со различна верзија на истата личност?

пар врска љубов

Сакале или не, секој од нас има тип на личност која го привлекува повеќе од останатите, без разлика дали се работи за физички изглед или за карактерни особини (како и нивна комбинација).

Да се има „свој тип“ и не е така лошо, но проблем се појавува кога тој „тип“ очигледно е лош за нас, а секоја потрага по некој друг всушност ни ја носи истата личност во друго „пакување“.

Најчесто нашиот „тип“ е рефлексија на нас самите, а преку тоа можеме да ги видиме своите недостатоци и токсичноста. Исто така, постојаното бирање на тој „тип“ не ни дозволува рационално да ги согледуваме нештата. Луѓето се доволно паметни за да знаат дека не е поентата во тоа да се биде со тој што е по дефиниција наш тип, но зошто упорно се ставаат во тешки ситуации?

Најпрво треба да сме искрени кон себе, бидејќи суштината не е во квалитетите на другиот, туку во она какви сме ние покрај тие личности. А, кој би избрал да биде во нездрава и насилна врска, дури и ако другата страна е 100% поклопување со идеалите кои ги имаме?

Дел од проблемот може да се лоцира и во нашето уверување дека овојпат ќе успееме да ја „поправиме“ таа личност, мислејќи дека сме успеале да научиме нешто од претходната врска. На некој начин запаѓаме во компулсивна навика. Но, нели би било подобро за нас да отстапиме од тие критериуми? Можеби во нешто што е апсолутно спротивно на нашиот „тип“ ќе го најдеме токму она што ни треба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот