Имате проблеми со желудникот или кожата? ЛЕКОТ МОЖЕБИ НИ Е ВО СОСЕДСТВОТО?

Фото: Газета експрес

Жителите од Баице во Липјане, велат дека во нивното село има извор со лековита вода за луѓе кои имаат проблеми со кожни заболувања и болки во желудникот. „Газета експрес” објавува и изјави од луѓе кои тврдат дека водата ги излечила.

Ендрит Х. (21) речиси две години не успеал да пронајде лек за лекување на брадавици на кожата. Во овој период, тој имал разни медицински третмани и примил медицински лекови кои немале ефект, додека не почнал да ја користи водата од селото Баица, Косово, по препорака од роднини, пренесува „Газета експрес”.

– Овој извор е прекрасен. Водата од овој извор веднаш имаше ефект – вели Ендрит, кој не сака да го открие целосниот идентитет.

Проблеми со кожата имал одамна, но во неможност да најде лек, тој ја користел водата чиј извор е во селото Баице на Колш, во регионот на Липјане. Колку е стар изворот никој не памети.

– Сè што направив беше чистење на моето тело со таа вода, водата ја користев околу еден месец и сите брадавици од моето тело исчезнаа – вели Ендрит.

Искуствата кои се доказ колку е важен овој извор се многубројни. Таа најмногу дејствува на луѓе кои имаат проблеми со кожата, но и со желудникот. И жителите од селото свеодочат за нивните искуства околу ефикасноста на таа вода. Според еден од најстарите жители на ова село, чудото околу оваа вода не може да се објасни, бидејќи ги лекува најчестите проблеми со кожата како акни, чиреви, брадавици и други видови проблеми, но најголемото чудо е лекувањето на проблемите со желудникот.

Речиси сите од тоа место ја користат оваа вода, па, според старецот од селото, тој никогаш не слушнал селаните да се жалат на болки во желудникот.

– Додека ние ја пиеме водата од овој извор, никогаш не се случило, но мислам дека и нема да се случи, да имаме проблем со желудникот. Јас не знам каква е таа болка, иако имам 65 години – вели тој.

Но, бидејќи не постои анализа направена за оваа вода, некои гастролози и дерматолози не прифатиле да коментираат за карактеристиките на овој извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот