ИМАТЕ ГРУТКИ ПОД ПАЗУВИТЕ: Може да е безопасно, но може и да е знак на оваа тешка болест!

израстоци под пазувите
Фото Профимедиа

Многу луѓе во светот имаат проблем со создавање тврди лимфни чворови под пазувите и на препоните или на вратот.

Кога ќе сфатите дека имате нешто такво, првата реакција ви е страв и паника, но најчесто излегува дека се работело за безопасен израсток. Но, некогаш може и да биде знак на тумор на лимфните јазли. Затоа најбезбедно е да се јавите на лекар со својот проблем.

Лимфните јазли под пазувите може да се оздадат кога телото се бори против канцерогени клетки. Инфекции, како што се херпес или мононуклеоза исто така може да придонесат кон појава на лимфни грутки. Најчесто поминуваат сами од себе или со помош на антибиотик.

Но, што се случува кога ќе се случи гнојно воспаление?

Ако грутката е забележливо воспалена, тогаш лекот е антибиотик кој се зема и како таблети, но и се нанесува локално. Некогаш е потребно да се користи и имуномодуларна терапија.

Причина за ваквите воспалувања може да биде и бричењето или депилирањето, односно враснатите влакненца. Затоа треба да користите чисти жилети. Не се бричете додека воспалението не се намали.

Алергијата на антиперспиранти или на состојки од нив значи дека треба да го промените типот на дезодоранс кој го користите. Некогаш, телото може да има ваква реакција и на одредена терапија.

Секако, не заборавајте дека оваа состојба треба да биде контролирана од страна на лекар, за да може да се исклучи секоја можност дека се работи за малигни израстоци, или пак навреме да се реагира доколку постои ризик за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот