Имамоглу и формално ја презема функцијата градоначалник на Истанбул

Фото: EPA-EFE/CHP

Екрем Имамоглу, турскиот опозициски политичар денеска и формално стапи на должноста градоначалник на Истанбул, откако во неделата победи на повторените локални избори.

Имамоглу, од Републиканската народна партија, доби сертификат со кој официјално ја презема највисоката функција во најголемиот град во Турција, со мандат од пет години.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата партија Правда и развој, по 25 години владеење, ја изгубија власта во Истанбул. На локалните избори во март, Ердоган изгуби и во Измир и Анкара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот