„Имам слично име и исто презиме со криминалец, ама не сум тој“: Косовската полиција по грешка уапси и притвори Србин

Фото: Курир.рс

Милан Јовановиќ, Србин од Лепосавиќ, Косово, поранешен припадник на косовската полиција, вчера по грешка бил уапсен на административниот премин Јариње. Тој во емотивна изјава за Косово онлајн, раскажа што му се случило од моментот на неговото апсење до моментот кога бил денеска во утринските часови пуштен на слобода.

„Вчера околу 16 часот и 30 минути кога се враќавме од Србија бевме запрени на административниот премин Јариње кај пунктот на косовската полиција. Ги дадов документите за идентификација.Полицаецот кој ми ги зеде документите ги внесе во системот и виде дека сум баран од Специјалниот суд за организиран криминал.Нагласив дека тоа е грешка и дека се работи за друго лице со слично име и исто презиме, но дека не сме со ист датум на раѓање, година и месец, туку дека тој е сосема друга личност“, објаснува Јовановиќ.

Тој додаде дека потоа му било кажано да паркира на десната лента за застанување на камиони и да чека да се изврши темелна проверка на идентитетот.

„Правеа детална проверка, во меѓувреме дојде друг полицаец и веднаш му реков да го извести Инспекторатот и дека со години поминувам таму, дека немам никакви проблем, но овој пат при подетална проверка стигна некој повик, не знам од каде, колку што можев да го разберам албанскиот јазик, дека моето апсење треба да се изврши“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека тројца специјалци се појавиле и веднаш му ставиле лисици на рацете, без да му објаснат зошто е уапсен.

„Се упативме кон полициското возило кое беше паркирано на десната страна од контејнерот, дури не ми дозволија да и кажам на сопругата дека сум уапсен. Едноставно морав да ги кревам рацете за таа да ги види лисиците и таа да сфати дека сум уапсен, ми беа прекршени основните човекови права, правото да кажам дека сум уапсен“, додава Јовановиќ.

Јовановиќ раскажува дека таму биле и неговите деца, кои почнале да плачат.

„Ми викаат тато, дојди дома со нас. Жена ми не знаеше како да го напушти Јариње, па и реков да се јави на некој од нејзините роднини и да си оди дома. Одеднаш ме ставија во возило членовите на Рос, за да не можам да кажам ништо. Прашав каде ме носат, а тие не ми одговорија. Стигнавме на импровизиран контролен пункт во Јариње, недалеку од административниот премин Јариње, каде се сместени граничната полиција и единицата на Рос. Во возилото во кое се наоѓав влегоа уште двајца припадници на единицата, јас бев на средина. Се движевме со голема брзина, претекнувајќи сѐ пред себе до Северна Митровица“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека и откако бил приведен во полициската станица во јужниот дел од Митровица, ништо не му било кажано. Потоа, специјалците го однеле во притвор.

„Седам на маса и ги симнувам врвките од чевлите и појасот и сѐ уште се обидувам да им објаснам дека има грешка. Ми беше даден формулар во притвор во Митровица. Ладно беше, немаше греење, спиев на бетонски кревет, беше валкано, се покрив со јакната“, вели Јовановиќ.

Тој додава дека утрото му било кажано дека во 8 часот ќе биде спроведен во Судот за организиран криминал во Приштина.

„Не спиев цела ноќ, минутите ми се чинеа како години. Кога стигнавме во Приштина, отидовме во судот. Полицаецот во цивил кој беше таму рече дека не треба да ме однесат таму, туку во Судот за организиран криминал во центарот на Приштина, стигнавме до таа зграда, ме седнаа без врвки, без појас, а некои луѓе дојдоа мислам дека беа обвинители.Брзо отидоа во канцеларија. Се вратија беа коректни и ме прашаа дали си ти таа личност,јас потврдив дека не сум и дека се викам слично , на што тие одговорија дека е грешка“, вели Јовановиќ.

Според него, по враќањето во полициската станица во Митровица имал чувство дека полицијата сака да продолжи да го проверува, иако судот ја потврдил грешката и го ослободил.

„Средбата со децата беше многу емотивна, тешка непроспиена ноќ за нив, но и за мене“, вели Миљан Јовановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот