Имале симтоми на ковид-19, а оделе на работа: Двајца фризери во САД изложиле на зараза 140 клиенти

илустрација/Фризерски салон Фото/ EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Двајца американски фризери/стилисти, со денови оделе на работа во салон во Мисури, иако биле заразени со коронавирус и на тој начин потенцијално загрозиле 140 клиенти.

Во петокот е откриено дека еден од фризерите заболен од ковид-19 изложил на зараза 84 свои клиенти и седум колеги.

Следниот ден било откриено дека и друг стилист од истиот салон е позитивен на вирусот. На работното место бил во контакт со 56 лица.

Двајцата на работа се вратиле во втората недела на мај и осум дена доаѓале во салонот, иако имале симптоми на коронавирус.

Во здравствениот центар на округот рекле дека вработените во салонот „Great Clips“ ги почитувале сите мерки и редовно го чистеле објектот и дека, благодарение на списокот на контакти, можеле да ги известат сите лица кои биле во контакт со болните фризери, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие се надеваат дека нема да има „дополнителни случаи на зарза“ бидејќи сите вработени и клиентите во салонот носеле заштитни маски. Додаваат дека секој што бил изложен на потенцијална инфекција ќе биде контактиран и ќе му биде понудено тестирање на вирусот.

Што се однесува до болните стилисти, нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба, ниту за тоа кога биле тестирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот