Имала кошмар, а кога се разбудила сфатила дека ТОА НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИЛО: Лекарите останале без зборови

прстен

Џена Еванс од Сан Диего сонувала дека го проголтала својот свршенички прстен, а кога се разбудила сфатила дека тоа навистина се случило.

„Сонував многу чудна ситуација со негативци, во воз. За да го зачувам прстенот го проголтав. Дури и се разбудив и мислев дека сонувам, па заспав. Утрото видов дека го нема прстенот на мојата рака“, напишала 29-годишната жена на Фејсбук.

Кога отишла на лекар прво ѝ било срам да признае што ѝ се случило. Повикале цел тим за да можат да ја слушнат неверојатната приказна.

Лекарите препорачале дека најпаметно е да се изврши ендоскопија и да се извлече прстенот од нејзиното тело.

Најпрво никој не ѝ верувал и сите кои ја чуле приказната се смееле, но кога била снимена на рентген, лекарите се шокирале кога виделе дека прстенот е навистина во нејзиниот стомак.

„Немав идеја дека мојата приказна ќе стане вирална. Прстенот е преубав што можете да го изедете, но немојте, верувајте ми на збор“, ја завршила таа својата приказна.

So, in case you missed it, I swallowed my engagement ring in my sleep on Tuesday night. I actually remember doing it,…

Publiée par Jenna Evans sur Jeudi 12 septembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот