Имал гости во ресторан по 18 часот: Кривична пријава за угостител од Дебар

Дебар, Фото: МИА

Сопственик на угостителски објект во Дебар доби кривина пријава поради основано сомнение за сторено казниво дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија”. Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи – Дебар, поднело кривична пријава против И.Ц. (52) од Дебар.

– При контрола извршена на 24 декември во 2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавениот, не ги почитувал одредбите за работно време на угостителските објекти и, во својот објект лоциран во месноста „Пијанец” примал гости, не водејќи сметка за препораките за заштита на населението од вирусот ковид, додава Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот