„Имако“ од викендов ќе откупува грозје

Штипската винарија „Имако” со откупот на грозје стартува од сабота. Директорот на производството во „Имако”, Атанас Рунчев вели дека откупот го почнуваат со шардоне, а годинава ќе откупат околу 10 милиони килограми грозје.

Откупот се одвива во еднаков сооднос меѓу бело и црвено грзје. Првите количества пристигнуваат од Тиквешијата, а потоа следи бербата и откупот од штипскиот регион. Рунчев очекува квалитетот да биде добар, а приносите просечни.

– Нашите агрономи се на терен, сега за сега проценките се добри, малку сушата ни претставува проблем, но се надевам оние што имаат наводнување дека квалитетот ќе успеат да го задржат, вели Рунчев.

Тој додава дека во винаријата 70 отсто од грозјето е од нивните плантажи и кооперантни од штипскиот регион, додека останатите 30 отсто се обезбедуваат преку откупните пунктови во винарските региони.

Рунчев истакна дека лозарството пополека се враќа во штипскиот регион, како винарија веќе планираат нови насади на над 100 хекатри. На новите плантажи ќе се насадат и стари, но и нови сорти на грозје. Во штипскиот регион под лозови насади има околу 500 хектари, а грозјето го откупуваат три винарии.  Годинава се очекува да откупат околу 25 милиони килограми грозје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот