Имаат своја ѕвезда во Холивуд: Поминаа 30 години од првата епизода на „Симсонови“ (ВИДЕО)

Instagram

Дали можете да поверувате дека на денешен ден била објавена првата епизода од планетарно популарната анимирана тв-серија „Симсонови“? Таа била емитувана на каналот FOX во 1989 година.

Многумина од нас израснаа пратејќи ги авантурите на Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги, кои живеат во измислениот американски град Спрингфилд. Серијата претставува сатиричен приказ за животот на работничката класа и го пародира американското друштво и култура.

Автор на целиот проект е Мет Грејнинг, кој го направил ова дисфункционално семејство по пример од своето. Тој на Симсонови дури им ги дал и истите имиња како членовите на своето семејство, додека само своето го променил во Барт.

Од 17 декември 1989 година до денес, биле емитувани дури 672 епизоди од „Симсонови“, серијата која моментално претставува најдолгиот американски телевизиски ситком по број на сезони и епизоди.

„Симсонови“ и на финансиски план се неверојатно успешни. Само фимот „Симсонови филм“ од 2007 година, заработи преку 527 милиони долари.

Серијата добила општо позитивна критика во текот на првите 9 или 10 сезони, кои ја претставуваат нејзината „златна доба“. Со самото тоа, таа е прогласена за најдобрата тв-серија на 20 век.

Во 2000 година семејството Симсон доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. Таа има освоено десетици награди, вклучувајќи 34 Еми, 30 Ени и 1 Пибоди награда. Нејзините реплики се цитираат во секојдневниот говор.

Меѓутоа, серијата во последно време е критикувана поради опаднатиот квалитет во текот на годините, а поединци прогнозираат дека наскоро ќе биде и укината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот