Имаат преку 80 години, но нив затворените граници не ги спречуваат да се видат!

Фото: Фејсбук

Инга Расмусен (85) живее во Данска, а Карстен Тушен Хансен (89) во Германија.

Тие се пар кои поради неможноста да преминуваат од една во друга земја, сега се среќаваат само на границата недалеку од градот Авентофт за да поразговараат и да се напијат пијалок.

Германско-данската граница е затворена поради епидемијата на коронавирусот.

Сепак овој пар не не дозволи затворањето на границата да ги спречи да се гледаат – пренесува „Би Би Си“.

– Тажно е, но не можеме да го промениме тоа – рекла Расмусен за „Дојче Веле“.

Овој пар стана познат откако градоначалникот Тондер го видел овој пар и го фотографирал за социјалните мрежи.

Парот се запознал пред две години и скоро година дена се неразделни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот