ИМААТ МИЛИЈАРДИ, РОДИТЕЛИТЕ ИМ СЕ МОЌНИ: Ова се најбогатите деца на светот
Некои богатството го стекнуваат со напорна работа и многу вложувања, а други пак, имаат среќа да се родат богати.
На врвот на листата на најбогати деца е најстариот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ Александар Луис, чија нето вредност е над милијарда долари. Тој богатството го стекнал поради кралската положба во семејството. Неговата сестра Шарлот „вреди“ приближно милијарда долари, а за нивниот брат Луи нема податоци.
Потоа е Фиби Адел Гејтс, ќерката на Бил и Мелинда Гејтс, која по смртта на своите родители ќе наследи околу милијарда долари.
Блу Ајви Картер во моментов „вреди“ милијарда долари, а како најстаро дете на Бијонсе и Џеј Зи, по нивната смрт, ќе наследи голем дел од нивното богатство.
По нејзе е Сури Круз, која веќе има 800 милиони долари, додека петтото место го делат близнаците Нокс и Вивијен Џоли Пит. Исто и по нив се близнаци и тоа Ема и Максимилијан, кои се деца на Џенифер Лопез и Марк Ентони.
Седмото место го делат децата на Бритни Спирс, Шон Престон и Џејден Џејмс. Децата на Канје Вест и Ким Кардашијан вредат по 100 милиони долари, но нивната вредност ќе расте и понатаму.
На деветто место е Роуз Дороти Доријак, ќерката на Скарлет Јохансон и нејзиниот сопруг Ромен Доријак.
Десетта на оваа листа е Даниелин Хоуп Маршал Биркхед, ќерката на покојните Џеј Хауард Маршал и Ен Никол Смит.