Имаа ист резултат, на крајот „Летечкиот“ Грк се закити со златото

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Грчкиот атлетичар Милтијадис Тентоглу го освои денеска златниот медал во скок во далечина на Олимписките игри во Токио.

Тентоглу, „Летечкиот“ Грк победи со скок во последната шеста серија од осум метри и 41 сантиметар.

Тој имаше уште скокови од 8,11 метри, 8,10 метри и 8,15 метри, а двапати направи престап.

Водечкиот до последната серија Кубанецот Хуан Мигел Ечеверија го имаше истиот резултат, 8,41 метри, но имаше послаби скокови.

Се повреди во текот на натпреварувањето, ја пропушти петтата серија, а во шестата серија не успеа да скокне.

Бронзениот медал го освои неговиот сонародник Мајкел Масо (8,21 метри), колку што скокна во првата серија. После тоа скокна уште само еднаш, во втората серија, 8,05 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот