„Има таков народ” ги почнува преговорите за нова бугарска Влада

софија бугарија
Софија, Бугарија/ Фото Архива на СП

Најбројната политичка партија во новоизбраниот бугарски Парламент, „Има таков народ”, ги почнува преговорите и консултациите за формирање влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, раководството на „Има таков народ” веќе испратило писма за средба со лидерите на Бугарската социјалистичка партија, „Стани БГ! Доаѓаме” и „Демократска Бугарија”.

Засега само ГЕРБ нема добиено покана за преговори.

Според бугарските медиуми, најверојатната владеачка коалиција би се избирала меѓу „Има таков народ”, „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!”.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Тошко Јорданов од „Има таков народ” во својот краток говор пред новоизбраниот бугарски Парламент, вчера кажа дека во рок од 15 дена ќе стане појасно дали ќе има влада или нови, трети, предвремени парламентарни избори во Бугарија.

Според софиските медиуми, ова значи дека, во најдобар случај, за новата бугарска Влада може да се гласа околу 5-ти август. Девет гласови што недостасуваат од оваа потенцијална коалиција, според различни шпекулации во медиумите, би се обезбедиле од Движењето за права и слободи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот