Има само две години, а тело на старица: Единствена во светот која страда од болеста „Бенџамин Батон“

Profimedia

Двегодишно девојче од Велика Британија ги запрепастила медицинските стручњаци откако станала единствената личност во светот која заболела од ретката болест „Бенџамин Батон“.

Реткото пореметување предизвикало малата Исла Клипатрик Скритон прерано да старее и да биде тешка приближно половина од колку што се тешки здравите деца на нејзина возраст.

Исла страда од аберантно истегнување на мандибулокралната дисплазија – вродено оштетување кое се одликува со неразвиена долна вилица и клучна коска, пропаѓање на кожата, како и селективна загуба на коскената маса од врвовите на прстите.

Profimedia

Како последица на тоа, Исла старее со забрзано темпо и веројатно ќе поприми изглед на многу стара личност во иднина, тврдат докторите.

И покрај тоа што изгледа постаро, развојот на Исла е парадоксално успорен. Само што почнала да лази и има само седум килограми.

„Исла е единствена на светот која има грешка во гените што предизвикува такви мутации“, рекла нејзината мајка Стејси, која ја напуштила работата како учителка за да се грижи за својата ќерка.

Борбата на Исла започнала кога е родена во февруари 2017 година. Не само што била тешка едвај два килограми, вели Стејси, туку тогаш новороденото девојче било инкубирано и ставено во вештачка кома.

Profimedia

Кога дошла дома неволјите продолжиле да се редат. Кога родителите се обидувале да ја нахранат таа се давела, па често морале да викаат брза помош. Во болница се вратила само шест недели подоцна и тогаш почнала борбата на родителите за нивната ќерка да добие точна дијагноза.

Кога имала шест месеци, на Исла ѝ потврдиле дека ја има болеста „Бенџамин Батон“, која во историјата на медицинската литературта е забележена само седумпати, пишува Фокс њуз.

Иако експертите тврдат дека нејзината состојба не го ограничува животот, тие не можат да бидат сигурни како болеста ќе се развива, бидејќи Исла моментно е единствената во светот која боледува од оваа болест.

И покрај тешката болест Стејси вели дека Исла е многу експресивно, комуникативно и среќно девојче.

Profimedia

Ретката болест е наречена по филмот “Необичната судбина на Бенџамин Батон“, во кој Бред Пит игра лик кој се раѓа како осумдесетгодишник, а потоа старее „наопаку“, осносно станува сè помлад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот