Има потечено лице и врат: Дали Путин е болен – или само треба да мислиме дека е?

владимир путин 9 мај москва
Владимир Путин / Воена парада во Москва / EPA-EFE/MIKHAIL METZEL/ KREMLIN POOL/SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Повеќе од една година се шират шпекулации за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин, а таквите гласини зачестија по руската инвазија врз Украина.

Порталот New Lines објави дека дошол до аудиоснимки на олигарх близок до Кремљ, кој вели дека Путин е „многу болен“ и дека има „рак на крвта“ иако не го наведува типот на карцином од кој боледува рускиот претседател.

Олигархот тврди дека за тоа во седиштето на Руската служба за безбедност ФСБ (наследничка на советската КГБ) е испратен „строго доверлив документ“, токму како и кај сите регионални директори на ФСБ.

Кристо Грозев, истражувач од Белингкат, угледна страница за форензички и аналитички податоци, вели дека „во документот им се наредува на регионалните директори да не им веруваат на гласините за здравствената состојба на претседателот“.

-Добиле инструкции за дејствуваат против сите такви гласини кои бил можеле да се шират по локалните одделениеја на ФСБ. Според извор од една од регионалните единици, кој го видел документот, ваквата наредба без преседан имала спротивен учинок зошто повеќето службеници во ФСБ веруваат дека Путин навистина боледува од сериозна болест, рече Грозев.

New Lines ги наведуваат неодамнешните забелешки за промените во физичкиот изглед на Владимир Путин – од начинот на кој се чекори до изгледот на лицето, кое е подуено, што сепак би можело да значи дека зема лекови.

Ешли Гросман, професор по ендокринологија од Оксфорд, рече за New Lines дека: „Путин секогаш изгледал како да е во форма. Но во последните години неговото лице и врат изгледаат многу подебело. Таков изглед е компатибилен со користење на стероиди“.

Си Ен Ен потсетува дека таквите тврдења не можат да се проверат, што наведува и New Lines, и просто би можеле да значат дека оние кои во Русија сакаат да го симнат од власт Путин шират такви гласини за да ги уверат истомислениците дека Путин е ранлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот